Македонија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет

„Веруваме во дијалог и во компромис кога тој е правичен и заемен. Пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западниот Балкан во нејзиното јадро.“ – став на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во Блед пред министрите за надворешни работи од Западниот Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.

Во своето обраќање Муцунски ја истакна клучната улога на регионалната стабилност и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи дека сегашните глобални кризи уште повеќе ја зголемуваат потребата од европска кохезија. „Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западниот Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок.“ – нагласи шефот на македонската дипломатија Муцунски во обраќањето.

Тој посочи дека Македонија останува посветена на европскиот пат и оти активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ. Муцунски нагласувајќи дека проширување мора да биде засновано врз заслуги и јасни критериуми. „Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови, или на прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес.“ – напомна министерот Муцунски.

Притоа тој го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, оценувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и поттикнување на практични решенија. „Веруваме во дијалог, веруваме во компромис кога тој е правичен и заемен. Пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западен Балкан во нејзиното јадро.“ – заклучи министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top