Македонија

Мухамеди: СДС, Филипче и Фрчкоски го злоупотребија протестот за 8 Март

На протестот биле присутни десетици функционери на СДСМ вклучувајки и тепач на жени

Граѓанскиот активист и адвокат Умејр Мухамеди смета дека СДСМ, Филипче и Фрчкоски го злоупотребиле денешниот протест за 8 Март.

Според него денешната организација на 8-ми март поминала со многу пропусти и било дозволено партизирање на истиот.

,,На протестот беа присутни десетици функционери на СДСМ вклучувајки го и Филипче како и тепачот на жени Фрчковски.

Со извикувањата „нема правда нема мир”, и со говорите против Тошковски се беше јасно.

Многу луѓе беа разочарани од политизирањето на маршот посебно и со носењето на знамиња на Палестина а без ниту едно знаме на Македонија.

СДС треба да престанат да ги злоупотребат овие настани бидејки сценарио како шарена револуција можат само да сонуваат дека ке се повтори”, пишува Мухамеди.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top