Македонија

Муцунски ја осуди иранската агресија врз Обединетите Арапски Емирати

Тој истакна дека Македонија стои во целосна солидарност со Обединетите Арапски Емирати, нивниот народ и институции.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, ги осуди најновите ирански ракетни и дронски напади врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како опасна ескалација и грубо кршење на меѓународното право.

„Ги осудувам најновите ирански ракетни и дронски напади врз Обединетите Арапски Емирати. Овие удари врз цивилна и критична инфраструктура претставуваат опасна ескалација и сериозно нарушување на меѓународното право“, напиша Муцунски на социјалната мрежа Х.

Тој истакна дека Македонија стои во целосна солидарност со Обединетите Арапски Емирати, нивниот народ и институции.

„Агресивните и дестабилизирачки дејствија на Иран ја загрозуваат регионалната и глобалната безбедност и мора веднаш да престанат“, додаде министерот.

Оваа реакција доаѓа во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток, при што Македонија ја потврдува својата позиција на осуда на насилството и поддршка на меѓународниот правен поредок и суверенитетот на државите.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top