Македонија

Муцунски очекува средба на високо ниво следната недела во Софија

Говорејќи за односите со Софија, шефот на македонската дипломатија е дециден дека е потребен дијалог и средби на највисоко ниво

Следната недела очекувам со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да бидеме во Софија на регионален настан каде што би се сретнале повторно со нашите колеги и би разговарале – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања по настан во Скопје.

Муцунски вели дека во моментов не е договорена таква средба, но додава дека не би бил изненаден ако има состанок на високо ниво, за што рече дека јавноста ќе биде навреме информирана. Говорејќи за односите со Софија, шефот на македонската дипломатија е дециден дека е потребен дијалог и средби на највисоко ниво.

„Несомнено треба да водиме дијалог со Бугарија. Но, тоа не е проблемот. Проблемот е што, меѓу другото, Бугарија го прекршува Договорот за добрососедство. Да го тргнеме настрана прашањето дали договорот е добар или лош. Бугарија во тој договор се има обврзано дека ќе го поттикнува и поддржува нашиот евроинтеграциски пат, а не го прави тоа. Но, доколку ме прашате дали треба да имаме повеќе средби на високо ниво, треба да има. Ние го немаме изборот и луксузот како европска држава, како земја членка на НАТО, да се да се оттргнеме од комуникација со нашите соседи, колку и да биде некогаш тешка таа комуникација“ – вели тој.

Министерот повтори дека земјава останува на позицијата оти во моментов нема услови за спроведување на уставните измени. Услови за таквиот чекор, како што рече, може да се создадат врз основа на меѓусебна доверба, која може да се изгради ако на земјава ѝ бидат дадени гаранции од сите земји членки на ЕУ.

Во однос на изјавите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека единствените заклучоци што може да се донесат како гаранции за земјава се тие дека Македонија треба да го исполни тоа што е договорено, Муцунски вели дека не слушнал таква експлицитна изјава од него.

„Она што можам да го кажам е дека ние остануваме посветени на европските реформи, остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема“, изјави шефот на македонската дипломатија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top