Македонија

Муцунски: Зајакната е европската перспектива на регионот и потврдена е улогата на AII и EUSAIR како важни платформи за поврзување на ЕУ со земјите кандидати

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата Во текот на претседателството, Македонија работеше под мотото „Зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“, ставајќи посебен акцент на проширувањето на Европската Унија, подобрувањето на регионалната поврзаност и продлабочувањето на соработката меѓу земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, Република Македонија успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година. 

Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, претставуваше значајна можност за потврдување на заедничката посветеност кон европската интеграција, регионалната соработка и одржливиот развој на Јадранско-јонскиот регион. Во текот на претседателството, Македонија работеше под мотото „Зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“, ставајќи посебен акцент на проширувањето на Европската Унија, подобрувањето на регионалната поврзаност и продлабочувањето на соработката меѓу земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.


Усвојувањето на денешната декларација испрати силна политичка порака за значењето на политиката на проширување како геостратешки приоритет на Европската Унија. Декларацијата ја потврдува потребата од кредибилен, предвидлив и на заслуги заснован процес на пристапување, како и од продолжување на реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди. Во рамки на претседателството беше постигнат и конкретен напредок во унапредувањето на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на регионот, со што се создаваат подобри услови за економски развој, инвестиции и поголема мобилност на граѓаните и бизнисите.

Македонија во текот на својот мандат посвети особено внимание и на инклузивноста и учеството на младите, граѓанското општество и академската заедница, препознавајќи ги како важни чинители во градењето на долгорочна регионална стабилност и соработка. Во рамки на Форумот свое обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој истакна дека претседателството било „за континуитет и одговорност, но пред сè – за резултати“, додавајќи дека она што започнало во Њујорк прераснало во претседателство фокусирано на реализација, практична соработка и конкретни резултати.

Осврнувајќи се на клучните достигнувања за време на претседателството, министерот Муцунски истакна дека е зајакната европската перспектива на регионот преку континуиран дијалог и координирано дејствување, при што дополнително била потврдена улогата на AII и EUSAIR како важни платформи за поврзување на Европската Унија со земјите кандидати. Воедно, бил постигнат напредок во транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност, како и во интегрирањето на приоритети поврзани со дигиталната трансформација, циркуларната економија и отпорноста на регионот. Посебен акцент бил ставен и на инклузивноста, учеството на младите и улогата на граѓанското општество и академската заедница во процесите на одлучување.

Говорејќи за усвоената декларација, министерот Муцунски порача дека таа „не е само резиме на дискусиите, туку израз на заедничка решителност“, потврдувајќи ја посветеноста кон меѓународното право, европските вредности и заедничкото справување со геополитичките предизвици. На крајот од обраќањето, министерот истакна дека претседателството завршува „со чувство на исполнетост, но и со јасна свест дека работата продолжува“, изразувајќи уверување дека Италија успешно ќе го продолжи процесот во периодот 2026–2027 година. Тој упати благодарност до сите партнери, колеги и пријатели за соработката и посветеноста во текот на годината, нагласувајќи дека „регионот не е поврзан само географски, туку и преку заеднички вредности, заедничка цел и заедничка европска амбиција“.

Со завршувањето на претседателството, Македонија испраќа јасна порака дека регионалната соработка носи конкретни резултати и дека заедничката европска иднина на регионот останува заедничка стратешка определба. Претседателството со AII/EUSAIR официјално преминува кај Италија за периодот 2026–2027 година. Македонија останува целосно посветена на натамошната поддршка и унапредување на јадранско-јонската соработка и европската перспектива на регионот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top