Македонија

МВР: Лажна дојава на бомба на Меѓународниот аеродром во Скопје

Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање

„Нема откажани летови на Меѓународен аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6:00 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред“, велат од скопскиот аеродром.

Рано утринава до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи (МВР) пристигнала дојава за поставена експлозивна направа во авион на Меѓународниот аеродром Скопје.

Согласно предвидените процедури, аеродромските служби и сите релевантни институции биле веднаш известени, а активирани биле и плановите за постапување при вакви ситуации.

Единиците на МВР, во координација со Одделот за обезбедување на ТАВ Македонија, спровеле детални проверки и утврдиле дека дојавата била лажна.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.

Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање“.

Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top