Македонија

МВР: Од хаос и долги чекања, до стабилен и ефикасен систем за лични документи

Пред и потоа

За две години воспоставивме редовно закажување термини и навремено издавање на пасоши, лични карти и возачки дозволи.

Истовремено инвестиравме во подобри услови за граѓаните – го реконструиравме Одделението за управни работи во зградата на МРТВ во Скопје и отворивме нови канцеларии за управни служби низ државата, со што ги доближивме услугите до околу 200.000 граѓани.

Продолживме и со дигитализацијата. Денес, преку Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk, граѓаните можат електронски да добијат повеќе уверенија и потврди, без непотребно чекање на шалтери.

Нашата цел е институциите да работат побрзо, поефикасно и во служба на граѓаните. Продолжуваме со модернизација и дигитализација, затоа што квалитетната услуга е најдобар показател за функционална институција – велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Од СДСМ се против се’, но не и против распродавање на Македонија (ВИДЕО)

Да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови, рече премиерот на синоќешниот митинг во Брвеница

To top