Македонија

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

На подрачјето на државата во последните два дена се евидентирани вкупно 11 пријави за семејно насилство, при што шест лица се лишени од слобода, а со две лица е извршен службен разговор.

Како што соопшти МВР, на 14.03.2026 година во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.И.(39) од Република Србија со место на живеење во Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга и и се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

-На 14.03.2026 година во 01.05 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Т.Ѓ.(51) и неговата невенчана сопруга М.Х.(47), двајцата од Охрид. Во нивниот семеен дом се случила вербална расправија со повремени меѓусебни физички напади, по што М.Х. физички ја нападнала Б.Ѓ.(73) од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, стои во соопштението.

Исто така, на 12.03.2026 година во 20.00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека К.В.(38) од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството, расфрлал предмети и скршил стакло од вратата, при што се здобил со повреди. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2026 година во 14.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(64) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 60-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и и упатувал закани по животот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

-На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2026 година во 03.20 часот, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(19) од Скопје, по претходна пријава од неговата 44-годишна мајка дека на 13.03.2026 година во домот и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од МВР.

На 14.03.2026 година во 02.30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека на 13.03.2026 година во автомеханичарски сервис во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, при што посочила дека најверојатно го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого биле во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 13.03.2026 година во 14.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 44-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 45-годишна партнерка. При преземање мерки кај него биле измерени 0,55 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, за случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

На 13.03.2026 година во 15.30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека во здравствена установа на подрачјето на Центар, нејзиниот поранешен сопруг И.П.(43) од Скопје се обидел физички да ја нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.03.2026 година во 23.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Д.Г.(67) од Скопје, по претходна пријава од неговата 61-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, дека ја малтретирал и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле службен разговор и со Д.Ј.(61) од скопско, по претходна пријава од неговата 85-годишна мајка дека ја малтретирал и и упатувал закани. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок, се додава во соопштението на МВР.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top