Македонија

МВР распиша оглас за прием на 150 полицајци

“Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.”- повикува МВР

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за вработување на 150 униформирани полициски службеници.

Полицијата ги охрабрува сите млади, непартиски лица, мажи и жени под 25-годишна возраст, со минимална висина од 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и кои не се осудени со конечна судска пресуда, да аплицираат на огласот, за чие работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на едукација, вежбање и обука.

“Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.”

“Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука,” соопштија од МВР.

Според нив, полицијата е од суштинско значење во едно општество бидејќи, како што велат, таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се темел за прогрес и економски благосостојба на државата и сите граѓани во неа.

Тие ги повикуваат сите храбри, искрени, солидарни и со висок морал, интегритет и дисциплина да се пријават на конкурсот.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top