Македонија

„Н.М.“: Македонија со посебно место во новата американска геополитичка архитектура! Таа е во средиштето на стратегиската мапа на САД за Балканот!

„Стејт департментот поднесува извештај до американскиот Конгрес: во извештајот, Македонија не е спомната како проблем, туку како пример. Тоа можеби е најважната дипломатска реченица што земјата ја добила од Вашингтон во последната деценија. Во време кога Балканот повторно станува шаховска табла на големите сили, САД ја посочуваат Македонија како држава, што го зајакнала НАТО, и како партнер со кој треба да се продлабочува стратегискиот дијалог. Ова не е случајна формулација. Пред само еден месец, во Вашингтон беше обновен и интензивиран стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Тој процес сега добива конкретна политичка и економска содржина.“ – се нагласува во анализата со наслов „ 3, објавена во весникот „Нова Македонија“.

Натаму, во анализата пишува: Постојат моменти кога дипломатските документи не се само бирократски извештаи туку јасни мапи за иднината. Токму таков е новиот извештај на Стејт департментот до Конгресот на САД за Западен Балкан. На само седум страници, Вашингтон испрати порака што одекнува многу подалеку од административниот јазик. Имено, САД се враќа на Балканот со поинаков пристап. Ова го најавивме пред неколку месеци, но и новиот извештај на Стејт департментот до Конгресот на САД за Западен Балкан го потврдува тоа. Сѐ на сѐ, заклучок е дека заврши ерата на патернализмот. Завршува периодот кога регионот беше третиран како постконфликтна зона што постојано мора да биде надгледувана, коригирана и спасувана од самата себе. Новата американска стратегија е чисто прагматична, геополитички педантно изразена и економски пресметана. Наместо „градење држави“, САД сега зборуваат за партнерства. Наместо бескрајни политички мисии, сега САД бараат мерливи и конкретни резултати, наместо идеолошки флоскули, како што се безбедност, енергија, трговија и влијание…. И токму тука Македонија влегува во фокусот.

Пред само еден месец, во Вашингтон беше обновен и интензивиран стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Тој процес сега добива конкретна политичка и економска содржина. Новиот извештај практично претставува емпириска разработка на стратешкото партнерство што веќе постои меѓу двете држави. Она што досега беше дипломатска рамка, сега станува оперативна стратегија. Вашингтон повеќе не гледа на Македонија само како на „успешна приказна“ од НАТО-процесот. Америка почнува да ја третира државата како важна точка во новата енергетска, безбедносна и економска архитектура на регионот. Тоа особено се гледа во економскиот дел од извештајот.

САД отворено најавуваат дека сакаат поголемо економско присуство во Западен Балкан и дека американските компании треба да добијат предност во клучните инфраструктурни проекти. За Македонија ова не е симболична порака. Тоа е директен сигнал дека земјата станува дел од новата американска економска офанзива во Југоисточна Европа. Не треба да се потцени ниту фактот што Вашингтон веќе преговара за реципрочен трговски договор со Македонија. Во американската дипломатска терминологија, ваквите чекори никогаш не се технички детали. Тие се инструмент на геополитика. Трговските договори денес се исто толку важни колку што некогаш беа воените пактови.


Особено е индикативен делот за енергетиката. Македонија добива стратегиска улога преку енергетските коридори, интерконекторите и можните идни инвестиции во нови технологии, вклучително и мали модуларни реактори. Тоа значи дека Македонија повеќе не е само транзитна држава на Балканот. Таа постепено се претвора во геоенергетска точка преку која ќе се судираат различни влијанија со предзнак „гео“. А новата американска политика носи и јасна порака до домашните политички елити.

Вашингтон повеќе нема намера бескрајно да инвестира во нестабилни институции без резултати. Во извештајот многу јасно се нагласува дека идната поддршка ќе биде условена со мерлив ефект, функционални институции и конкретни резултати во владеењето на правото, безбедноста и економските реформи. САД нудат партнерство, но веќе не и алиби. Тоа е суштинската разлика меѓу старата и новата американска политика кон Балканот. Америка повеќе не сака зависни држави клиенти со климоглавечки став. Таа сака функционални партнери што можат да носат одговорност и да бидат дел од западниот систем на безбедност и економија. За Македонија ова отвора историски пат. Во услови кога Европската Унија е бавна, оптоварена со сопствени кризи и често неодлучна кон проширувањето, САД испраќаат многу подиректен сигнал, а тоа е дека Македонија останува важна за западната стратегија на Балканот. Но, истовремено, да не заборавиме, во потконтекстот на извештајот се чита дека Вашингтон испраќа и предупредување дека геополитичката важност не е трајна категорија. Таа мора да се заслужува.

Затоа продолжувањето на стратешкиот дијалог со САД не смее да остане само фотографија од дипломатски средби и куртоазни изјави. Ако Македонија навистина сака да го капитализира новиот американски интерес, тогаш ќе мора да покаже политичка зрелост, институционална стабилност и економска предвидливост. Затоа, треба да се работи со сопствени сили и на домашен терен, заради нас самите, пред сѐ и над сѐ! Во спротивно, и оваа геополитичка шанса може да заврши како уште една пропуштена балканска приказна. Станува кристално јасно дека новиот извештај на Стејт департментот покажува дека Вашингтон повторно сериозно го црта Балканот на својата стратегиска мапа. А Македонија, за првпат по долго време, не е на маргините на тој цртеж, туку во неговото средиште. – се заклучува во оваа анализа, објавена во „Нова Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Ребалансот на буџет оди во Влада – повеќе пари за инфраструктура, помалку за тековни трошоци

Ребалансот на буџетот оди на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит, најави Димитриеска-Кочоска. Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за нови вработувања и тековни трошоци. Во Владата ќе се разгледува новото прекројување на државната каса, а министерката за финансии уверува дека повеќе пари ќе бидат насочени кон проекти што треба да го поттикнат економскиот развој и да ја забрзаат реализацијата на капиталните инвестиции.

Нобеловецот Анатол Франс уште во 1903 кажа дека „каузата на Македонците е кауза на европската цивилизација“, која сега Софија сака да ја претвори во бугарска кауза! (3)

„Каузата на Македонците е кауза на европската цивилизација! Оставајќи еден народ да биде колен, Европа извршува морално самоубиство!“ – кажал интелектуалниот џин на Франција и нејзината морална совест, книжевникот – нобеловец Анатол Франс на величествениот митинг среде Париз (во некои извори се споменува и Женева) на17 март 1903 година. Митингот бил одржан заради поддршка и за Македонија и за земање на македонскиот народ во заштита од страдањата во тогашната Турска империја.

Ќучук побара во Европскиот парламент: „Европските институции сериозно да одговорат на говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски од РСМ“?!

Бугарскиот европратеник и поранешен известувач за Македонија Илхан Ќучук во обраќањето пред Европскиот парламент изнесе тврдење дека е „потребна реакција за опожарувањето бугарски дипломатски возила во Скопје“. Тој побара „сериозен одговор од европските институции“ и се пожали дека „тоа било последица од говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски“ од страна на Македонија.

Членство на Република Македонија во „Вишеградската група“ на ЕУ-држави, заради одбрана на македонската вистина, идентитет, јазик и историја (2)

Европски експерти и аналитичари сугерираат дека на Македонија ѝ е потребно стапување во суверенистички сојузи и партнерства, макар и неформални да бидат во почетокот , заради одбрана на македонската вистина, идентитет, јазик и историја. Конкретно, потребно е поврзување со Вишеградската група (В 4) на држави (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои со децении го усовршуваат моделот на заштита на националните идентитетски специфики наспроти политиките на Брисел. Деновиве унгарскиот премиер Петер Маѓар им упати директен повик на државите од Западниот Балкан, кои не се сѐ уште членки на ЕУ, што значи и на Македонија, да влезат во Вишеградската група! Практично, Петер Маѓар самиот ѝ ја отвора вратата и на Македонија во „Вишеградската група! Поврзувањето со „Вишеградската група“ ѝ нуди на Македонија значајна лоби-платформа да ги брани многу посилно и многу поконкретно својата македонска вистина, својот идентитет, јазик и историја. Зашто, кој може да даде гаранции дека „бугарскиот волк нема да го изеде македонското јагне“, ако би влегол во „бачилото“ – уставот“?!

Агенцијата за вработување објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Наместо нова идентитетско-историска капитулација со „Бугари во устав“ – поврзување со суверенистичка Европа за лобирања и борба за македонската кауза и ЕУ-патот (1)

Во јуни 2026 година ширум Европа, а особено во државите на ЕУ, се засилува трендот на политички иницијативи, програми и јавни барања за заштита на националниот идентитет, суверенитетот и политичката самостојност на државите од најразличните видови на закани кон овие клучни концепти во постоењето и дејствувањето на кој било народ и држава во Европа и светот. Таквите иницијативи, програми и барања доаѓаат не само од десничарски националистички партии, туку и од влади и државници на водечки европски држави и политички лидери од други земји од „евроклубот“, како од Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Полска, Словачка, потоа од влијателни државно-политички групации на европскиот континент, како што е „Вишеградската група“ на земји. Ја посочуваме и Швајцарија со пораките, кои извираат и од нивниот најнов референдум со демографско-идентитетски белези. Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога државите и нивните институции, нивните водечки партии и политички елити ќе бараат сѐ повеќе нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет и суверенитет, културата, економијата и политичката самостојност. Лобирањата и борбата за македонската кауза и националната и јазична самобитност, како и за чекорењето по патот кон ЕУ само како Македонија и македонски народ, мора и може да се остварува сѐ повеќе во рамки на суверенистичка Европа.

Мицкоски: Редно е трговците да ги намалат цените инаку….

Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, рече премиерот

Најнови вести

To top