Македонија

На членови на ЗНАМ им се јавуваат на телефон да се вратат во СДСМ

Димитриевски го повика на дуел лидерот на СДСМ да зборуваат за повиците од Филипче до членството на ЗНАМ „да се вратат назад дома“

 

„Да биде сарказмот поголем, не само што ги повика јавно, туку им се јавуваат и телефонски и им велат – вратете се назад простено ви е сè. Барем да речат – се извинуваме погрешивме, повелете вратете се назад“, порача лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски во гостување на Тв24..

Според него, тоа е проблемот и кај претходното, и кај ова, а веројатно и кај идното раководство на СДСМ, затоа што повеќе од сигурно ќе има ново раководство.

„Тие ќе останат генерали без војска и се занимаваат со нас, наместо со својот главен опонент, ВМРО-ДПМНЕ.

Во ред, ако сакате може да се соочиме, еве јас го повикувам Венко Филипче и да ги соочиме аргументите, а не да доаѓа како денеска во Куманово и за мене да се искажуваат лаги и инсинуации –

Тој рече и дека за него СДСМ е одамна завршена приказна.

ЗНАМ е автентична партија, во која, точно е дека има поранешни членови социјалдемократи, но голем дел се луѓе кои првпат влегуваат во политика, меѓу кои и видни јавни личности и поранешни спортисти – репрезентативци“’ – рече Димитриевски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top