Македонија

На Димитров му текна: Европа не е праведна

Потписникот на Преспанскиот договор, кој кој ја промовираше кампањата за „за“ и беше дел од парадоксалното референдумско прашање „Дали сте за промена на уставното име за вчлез во ЕИ и НАТО“, сега се сети дека ЕУ не била праведна…

“Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања.

Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме”, изјави екс-министерот за надворешни работи Никола Димитров на симпозиум под наслов “Парадоксот на Пандора”, што се одржа во Грција.

„ЕУ дозволи она што нам ни беше најважно и она што го обезбедивме со преспанскиот договор, она што Грција го прифати – дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, да биде сега нападнато од Бугарија. Бугарија гордо го грабна ветото откога тоа прво ни беше ставено од Франција, ужасна геостратешка грешка на Париз.

И сега, наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што, едноставно, е недозволив во 21 век во Европа – некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам“, порача Димитров.

На панел-дискусијата посветена на демократските предизвици во Медитеранот учествуваа и албанскиот државен министер за врски со парламентот, Тулант Бала, Мехди Јома, поранешен премиер на Тунис, Амр Муса, поранешен генерален секретар на Арапската лига, професорот по политички науки на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Харис Милонас, Сонер Чапгатај од Институтот „Вашингтон“ и Јахја Саид од Лондонската школа за економија.

„Сими симпозиумот“, каде што претседател е поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, е една од водечките светски конференции, која веќе 27 години се одржува во Грција, каде што се собираат речиси двесте водечки мислители, професори, актуелни и поранешни лидери и истакнати општествени дејци од целиот свет.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Армијата на Република Македонија е повеќе од униформа, таа е симбол на чест, одговорност и посветеност!

„Честит 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија! Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

Четврти пациент (76) починат од западнонилска треска по 27 дена лекување на Инфективна клиника

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Болнички згрижени се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како сомнителни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката Фадил Цана.

Сиљановска-Давкова: Македонската Aрмија е чинител на стабилност, безбедност и доверба

Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна доверливост и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката на Република Македонија и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на македонската Армија во Охрид.

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

To top