Македонија

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да […]

фото: Macedonia timeless

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да се искапат, но и на дојранчани како да ги уредат плажите.

Таквата состојба ги загрижува жителите на „Ѓољот“, како што го нарекуваат дојранчани Езерото, и не сакаат да помислат дека може да им се случи повторно еколошка катастрофа како таа од крајот на минатиот и почетокот на овој век кога повеќе години Дојран повеќе личеше на бара отколку на езеро.

Проблемот со празнењето на Езерото во 2002 година беше решен со пуштањето во употреба на Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Во последните три години системот не работеше, но во ноември лани првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков повторно го пуштија во функција Хидросистемот од кој проработеа три од десетте пумпи. По еден месец, поради дефект и дотраеност на системот, престанаа да работат, а до пред десетина денови во Езерото дотекуваше вода само од една пумпа. И таа престана да тече, па каналот по кој се слива водата во Езерото е сув и запуштен и ниту капка вода не дотекува.

Извор: ТВ 24

Најнови вести од: Македонија

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

To top