Македонија

На плоштадот „Скендербег“ протестен марш за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Протестот се одржува под слоганот „Не во мое име“

Денес во Скопје се одржува протестен марш за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Денес во Скопје се одржува протестен марш под слоганот „Не во мое име!“ за поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Според Организацискиот одбор, маршот ќе започне во 14:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

На протестот се поканети да учествуваат граѓани, семејства на загинати борци, воени ветерани и воени инвалиди, поранешни политички затвореници, студенти, професори, академици и уметници.

Покани се упатени и до претставници на граѓанското општество и на албанските политички партии.

Организаторите изјавија дека маршот е замислен како мирен, граѓански и достоинствен собир, при што ги повикаа учесниците да одржуваат јавен ред и мир.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top