Македонија

На Попова Шапка над половина метар снег

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег

Попова Шапка утрово беше најстудено место во земјава со измерени -3 степени. Во Маврово беа измерени -1 степен, додека во Лазарополе и во Крушево беа измерени нула степени..

На Попова Шапка има и најмногу снег – 57 сантиметри.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Маврово (седум литри на метар квадратен), потоа во Битола шест, Охрид пет, додека врнежи имаше и во Претор, Попова Шапка, Берово, Лазарополе, Виница, Тополчани, Скопје, Демир Капија, Крушево.

Времето денеска ќе биде под влијание на циклонска активност, која ќе донесе врнежи од дожд. Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

ТВ21

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top