Македонија

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Мислими натаму наведува: „Тетовчани ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд и Билал Касами, кој овозможи враќање на старите имиња на улиците како што се ‘ЈНА’ и ‘Маршал Тито’. Ако не го заштити Билал Касами идентитетот и достоинството на Тетово, граѓаните ќе го сторат тоа сами. Тетовчани ќе кажат ‘Доста’ на секој обид да се вратат назад часовниците на историјата. Ако Билал Касами не може да го заштити достоинството и жртвата на овој град, сè уште има луѓе, кои ќе станат господари на оваа земја.“

„Тетово ги одржува живи сеќавањето и крвта на патриоти како Рафи Халили. Во петок, граѓаните ќе се кренат да го одбранат идентитетот на својот град и ќе кажат ‘не’ на враќањето на имиња како ‘Маршал Тито’.“ – завршува во својата објава Рами Мислими.

Инаку, тетовецот Рафи Халили, починат во во јануари 2022 година, кој е споменат од Мислими како „албански патриот“, во поранешни текстови на медиуми на албански јазик е нарекуван „политички затвореник со најдолг стаж во славомакедонските затвори.“ За него се наведува дека „од 1968 година до 1971 година ковал планови со илегални организирани ќелии на Албанци да извршат атентат и да ги убијат претседателот на Југославија  Јосип Броз Тито, шефот на југословенската УДБА Александар Ранковиќ и претседателот на Сојузот на комунисти на Македонија Крсте Црвенковски. Поради тоа бил фатен и осуден на повеќегодишна казна затвор“, како што пишува во низа медиумски објави на албански јазик од претходни години.

 

 

Најнови вести од: Македонија

To top