Македонија

Најновата охридска атракција се вика ,,Дуо Стефан” (ВИДЕО)

Си ,,кликнале” и илјадници луѓе уживаат во нивната изведба

ОВо градот каде се одржуваат десетици музички настани а од 12 Јули до 20 Август се одвива Охридското културно лето со огромен број концерти на врвни ѕвезди деновиве главна атракција се двајца Стефановци.

Едниот Стефан е оперски пејач по овразование а другиот е музичар аматер кој свирел во повеќе европски земји.

Се сретнале случајно во Охрид пред 8 дена свирејќи за душа, си ,,кликнале” и сега се главна атракција со својата изведба на македонски но и светски музички хитови.

Свират на скалите кај куќата на Уранија во стариот град каде секоја вечер илјадници туристи минувачи уживаат во нивниот шаренолик репертоар.

Најнови вести од: Македонија

To top