Македонија

Најновиот документарец на ИРЛ избришан од YouTube поради прекршени авторски права

Трета контроверза во низа откако за ИРЛ судот пресуди дека не е медиум, досега два пати беше осудена за клевета

Најновиот документарец на проектот Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ), кој беше насловен како „Цената на правдата“, повеќе не е достапен на платформата YouTube.

Според образложението кое може да се види на сајтот на ИРЛ, документарецот е избришан поради кршење на авторски права.

Правата за дел од документарецот според објавата на Јутјуб се на порталот Плусинфо.

Најголемата светска платформа за споделување на видеа Јутјуб констатирала дека ИРЛ неовластено користела туѓи авторски дела.

Засега ниту ИРЛ која ја води Сашка Цверковска ниту Плусинфо каде пишува Бранко Героски не објавуваат што се случило.

Во избришаниот документарец, тимот на ИРЛ изнесуваше шокантни тврдења против обвинителите Хајрулахи и Цветановски, кои на пошироката јавност им станаа познати по тоа што сакаа да ги гонат обвинителите од екс СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска…

Случајот се однесуваше на незаконско делење на бонуси од неколку милиони евра од буџетот на СЈО.

Оваа контроверза со случај на кршење на авторски права на ИРЛ е трета во низа, откако ,,истражувачката лабораторија” за кој судот пресуди дека не е медиум, досега два пати беше осудена за клевета.

Најнови вести од: Македонија

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

(Фото): УЈП ќе обучува студенти за работа во странство – почнуваат обуки за даночни обврски

Управата за јавни приходи најави организирање обуки за студентите кои работат во странство, со цел подобро да ги разберат своите даночни обврски и права. Од таму информираат дека обуките ќе започнат од понеделник, по средбата меѓу директорката Елена Петрова и претставниците на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и Адам Стојановски.

To top