Македонија

Наместо во затвор – на операција на втор тестис

Судијата за извршување санкции од Основниот суд во Гостивар потврди дека претходно добил барање за одложување на издржувањето на казната затоа што Белули бил хоспитализиран во петокот, на 28 ноември, а за денеска му била закажана операција за кила на тестиси

Случајот се најде во фокусот на јавноста откако Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, кој, како и Белули е осуден на 10 години затвор, не се појави во „Идризово“ за издржување на казната. Тој е во бегство и по него е распишана потерница.

Белули, кој претходно двапати успеа да го добие одложување на издржувањето на казната, денеска требаше да се појави во најголемиот затвор во државата.

Но, наместо во „Идризово“, тој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово на операција.

Судијата за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, Кирко Михајловски, за „Телма“ потврдил дека претходно добил барање за одложување на издржувањето на казната затоа што Белули бил хоспитализиран во петокот, на 28 ноември, а за денеска му била закажа операција за кила на тестиси.

Судијата во телефонски разговор потврдил дека денеска претпладне лично бил во болницата во Тетово, каде што зел изјава од докторот што треба да го изврши хируршкиот зафат. Тој рекол и дека лично го видел Белули на болнички кревет.

Михајлоски потврдил дека одобрил одложување на терминот за почеток на издржување на казната за 15 дена. Новиот термин кога Белули треба да почне со издржување на казната е 17 декември.

Ова е третпат како Белули го одложува одењето во затвор поради здравствени причини.

 

Најнови вести од: Македонија

Дали навистина поскапел лебот и зеленчукот во повеќе градови од Македонија?!

Откако горивата имаат повисока цена, следн на удар е лебот. Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари. Најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани. Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари.

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

Македонците нека заборават летување во Грција како порано, има куп причини

Ако кризата продолжи, Медитеранот би можел да се соочи со една од најнеизвесните туристички сезони во последните децении, каде главното прашање веќе не е каде да се оди на одмор, туку – дали воопшто да се патува.

Мицкоски: Ако нема основa за поскапување на лебот – ќе следат казни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе ја анализира состојбата со цената на лебот и ќе преземе мерки, ако се утврди дека има неоправдано зголемување, посочувајќи дека во спротивно ќе следуваат казни.

Ново семејно насилство во Скопје: М.С. (24) со нож им се заканувал на сопругата (24) и на нејзините родители, па ги нападнал!

На 31.03.2026 во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко.

Мицкоски: Граѓаните мора да ја дознаат вистината за 27 април и луѓето, осудени за тероризам, за авантурата со СЈО и милионските хонорари за неговите „обвинители“!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам за случајот од 27 април 2017 година, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на надлежностите за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, за случаи во енергетиката, во доменот на јагленот, дали постојат фирми што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти…

Внимавајте: Онлајн измамници украле над 44.000 евра од македонска фирма

Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.

To top