Македонија

„Зимзоленд“ продолжува со работа

Преку соопштение објавено на социјалните мрежи, од забавниот парк демантираат дека ќе биде затворен

 

„Во последните часови се појавија неточни информации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Иако во претходните денови имаше инспекциски надзори, целосната и потребна документација е доставена до надлежните служби.

Нашата мисија останува иста – да создадеме магични моменти, радост и новогодишна атмосфера за сите деца и семејства“,соопштија од Забавниот парк.

Од таму додаваат дека работното време останува непроменето: во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот.

Претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил информираше дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спровеле акции во „Зимзоленд“.

„По пријави од граѓани, постапивме на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top