Македонија

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката

Од Град Скопје велат дека не издале дозвола, бидејќи тоа било обврска на општината Аеродром. Додека институциите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, во Зимзоленд атмосферата останува раздвижена – музика, светилки и детска смеа го исполнуваат просторот во Лисиче.

Дали и кој му издал дозвола на Зимзоленд поради кој настана сообраќаен хаос во Лисиче? Освен рингишпилот во Луна-паркот, во круг се вртат и институциите околу тоа кој издал дозвола и кој е должен да ја контролира работата на Зимзоленд, објави Телма.

По бројните реакции од жителите во околината, Телма побара одговори од организаторот на зимскиот забавен парк. Оттаму тврдат дека располагаат со договор за закуп и дозвола за работа од општина Аеродром. Општината, пак, ја негира одговорноста.

Градоначалникот Дејан Митески изјави дека локацијата е приватен имот и дека општината единствено можела да укаже просторот да не биде запуштен. За поставените реквизити, Митески ја посочи надлежноста на Град Скопје.

Од Градот возвратија дека не издале дозвола, бидејќи тоа било обврска на општината Аеродром. Додека институциите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, во Зимзоленд атмосферата останува раздвижена – музика, светилки и детска смеа го исполнуваат просторот во Лисиче.

Целото видео од овој материјал на следниот линк.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top