Македонија

Не наседнувајте: На интернет кружи лажна објава за евтини телефони

Класична измама со цел прибирање лични податоци или насочување кон сомнителни веб-страници

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на социјалните мрежи кружи лажна објава во која се тврди дека одредени компании за техника наводно нудат модерни телефони преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа.

Станува збор за класична интернет-измама со цел прибирање лични податоци или насочување кон сомнителни веб-страници. МВР апелира до граѓаните:

Да не кликнуваат на линкови во вакви објави,

Да не споделуваат лични информации и

Да не веруваат на тврдења за „скриени понуди“ или „внатрешни извори“

Компаниите за техника не продаваат производи преку тајни страници или неофицијални канали на социјалните мрежи, потенцираат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи веќе презема соодветни мерки, а од граѓаните се бара доколку забележат ваква објава, да пријават во најблиската полициска станица.

Најнови вести од: Македонија

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

To top