Македонија

Не’ очекуваат пеколни јули и август

Дали ќе биде „урнат“ рекордот од 24 Јули 2007 година кога во Демир Капија беа измерени рекордни 45.7 степени, а во Скопје 43,4 степени Целзиусови

Ова лето 2026 ќе биде значително потопло во Македонија и тоа за околу 2 степени споредено со  повеќегодишниот просек. Ова лето ќе бидеме сведоци на чести и екстремно топли бранови од Африка кои ќе условуваат да имаме екстремно високи температури на воздухот кои во најголем дел ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието, Скопската котлина  и во југоисточните предели почесто температурите ќе надминуваат и 40 степени, особено во јули и во август 2026, објави метео-прогнозерот Славчо поповски на сајтот „Метео аларм“

Често ќе ги имаме  и оние тропски ноќи кои особено во Повардарието, Скопската котлината и во југоисточните предели од Македонија кога температурите ниту во текот на ноќните  и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Секако и покрај ова ќе имаме повремени освежувања на времето, формирање на конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, силни грмежи и засилен ветер. Временските непогоди со силен град  и громови ќе ни бидат присутни и ова лето 2026, а временските непогоди повремено ќе бидат  и силни.

Инаку, на 24 Јули 2007 година во Македонија е измерена највисоката температура од кога се мерат температурите, тогаш е постигнат и рекордот за највисока измерена температура во Македонија, и тоа во Демир Капија каде тогаш се измерени рекордни 45.7 степени. Рекордот за највисока измерена температура за Скопје е истиот ден 24 Јули 2007 година кога се измерени рекордни 43.4 степени.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција

To top