Македонија

Не одете никаде ако немате потреба – Денеска не очекува многу топол ден

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минимална температура: 13°C до 22°C. Максимална температура: 33°C до 40°C.

Следната недела во Македонија ќе започне со многу топло и претежно сончево време, а веќе од вторник попладне ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Највисоки температури во понеделник се очекуваат во Кавадарци, каде што прогнозата достигнува 39 степени, додека во Скопје, Гевгелија и Струмица се прогнозираат до 38 степени.

Во среда ќе следува позначителен пад на температурите, а локални врнежи и грмежи се можни особено во западните, северните и југозападните делови. Во четврток нестабилноста ќе продолжи во повеќе градови, додека источните и југоисточните делови ќе имаат повеќе сончеви периоди.

Петок ќе биде најсвежиот и најнестабилниот ден од неделата. Во повеќе градови се очекуваат дожд и зголемена облачност, а дневните температури ќе се движат од 18 степени во Дебар до 27 степени во Кавадарци. Од сабота ќе следува стабилизација, повеќе сонце и постепено затоплување.

Поради високите температури во понеделник и во делови од вторник, се препорачува избегнување подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот. При појава на локални грмежи можни се краткотраен пороен дожд, засилен ветер и брзи промени на временските услови.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top