Македонија

Неделата почнува со +38, во четврток и 40 °C

Сончево и топло време ќе продолжи и во текот на следните денови од седмицата.

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 38 степени.

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во Скопје, каде исто така ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до високи 38 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, сончево и топло време ќе продолжи и во текот на следните денови од седмицата. Температурите, како што информираат оттаму, ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога живата во термометрите насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне и до 40 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top