Македонија

Нека тишината зборува за љубовта што останува: Минута молк во 2 часот и 35 минути

Пред дискотеката беа поставени срциња со испишани имиња на загинатите

Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи за да покажат преку светлината дека споменот за прерано згаснатите животи никогаш нема да избледи.

„Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, посочија од здружението на граѓани „16 Март 2025“ кои го организираа собирот пред дискотеката каде што пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Пред дискотеката беа поставени срциња со испишани имиња на загинатитепред една година во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс’.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top