Македонија

Нема друг пат за Македонија освен преку „силната Бугарија“ во ЕУ, смета Малески

Според првиот македонски министер за надворешни работи по осамостојувањето, преземените обврски мора да се исполнат

Првиот миниустер за надворешни работи на независна Македонија, Денко Малески, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС го коментира тврдиот став на премиерот Христијан Мицкоски против уставни измени без гаранции од Европската унија дека ќе бнидат последни на македонскиот евроинтегративен пат.

Обврската на македонската влада и ставот на ЕУ мора да се исполнат. Нема друг начин. Бугарија има силна позиција во Унијата, и како членка, и во однос на целата Унија, вели Малески во интервјуто.

„25 години стоевме во место со Грција. Сега повторно стоиме во, место 5-6-7 години. ‘Францускиот предлог’ беше добра одлука за да не стоиме во место, да преговараме, да се движиме кон членство и паралелно да видиме каде лежат нашите несогласувања“, објаснува тој.

Според него, сегашната влада смета дека е направена грешка или предавство, што не одговарало на принципите на либералната демократија. Тој истакна дека претходната влада се обидела да најде решение, кое, сепак, не добило поддршка во парламентот за изгласување на измените на Уставот заради впишување Бугари во него.

„Двете земји се обврзани со Договорот за добрососедство. Многу е лошо кандидатот да остане надвор од процесот. Со оваа наша внатрешна политика, ние стоиме надвор од него. Ова е она што може да го произведе македонскиот политички процес и ова е реалноста. Обврската на македонскиот парламент и ставот на Европската унија мора да се исполнат. Нема друг начин“, додава Малески.

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top