Македонија

Невреме се движи кон Македонија!

Кон нашите предели ќе се разменуваат влажни и нестабилни бранови со развој на конвективна облачност и локални обилни врнежи, предупредува метеорологот Владо Спиридонов

УХМР предупреди на променливо облачно и нестабилно време денеска, со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Метеорологот Владо Спиридонов предупредува дека како резултат на прилив на поладен воздух кој како клин ќе се пробие во делови од североисточна Италија, Словенија и Истра, ќе се формира висински циклон со центар над среден Јадран. Во текот на денот овој циклон ќе се поместува кон јужниот Јадран и Јонско Море.

Во состав на оваа циклонска циркулација, од Јонско Море и Јадранот кон нашите предели ќе се разменуваат влажни и нестабилни бранови со развој на конвективна облачност и локални обилни врнежи.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top