Македонија

Ние им дадовме универзитет, тврди бугарскиот историчар Павлов за УКИМ!

Зошто на фасадата на Скопскиот универзитет не пишува дека е основан во 1943 година, прашува професорот од Бугарија

Бугарскиот историчар Пламен Павлов тврди дека универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје не е основан во 1949 година, туку шест години претходно од Бугарија!

„Скопскиот универзитет ‘Св. Кирил и Методиј’ не создаден во текот на 1948 и 1949 година, како што упорно се тврди во Република Северна Македонија, туку во 1943 година од ‘бугарскиот фашистички окупатор’, како што велат тие. Бугарија вложи многу напори за културата, образованието и инфраструктурата на денешната територија на Северна Македонија, а дел од тоа е и основањето на универзитетот“, изјави Павлов за бугарскиот портал „Актуално“, прашувајќи зошто на фасадата на УКИМ не пишувало дека е основан во 1943 година.

Причина за неговата реакција е оспорувањето од новинар во Македонија на дипломата на кандидатот за нов македонски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, кадешто Павлов е долгогодишен професор.

УКИМ е најголемиот универзитет на македонски јазик, основан на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 23 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 8 други институции.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top