Македонија

Николоски очекува за брзо време објава на нови авиолинии

Од објавените пет нови дестинации, како што потенцираше Николоски, четири се сосема нови

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува за брзо време да има објава на нови авиолинии со субвенции од државата, а се преговара претежно за поврзувања преку Охридскиот аеродром.

– Вчера објавивме пет нови дестинации од коишто ќе се лета од Скопскиот аеродорм, вкупно 16 откако е избрана оваа Влада, за брзо време очекувајте и нови, изјави Николоски, по доделувањето уверенија за кандидати за обука на пилоти со кофинансирање од државата.

Со „Визер“ од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн, а како што соопшти денеска ТАВ Македонија се воведува и претходно најавената линија до Ларнака, Кипар.

Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на „Визер“ за Стокхолм, Бари и Мадрид со по 3 неделни летови, Прага и Ларнака со по 2 лета неделно. Летовите до овие нови авиолинии ќе стартуваат со почетокот на зимската сезона 2025/2026, т.е. крајот на октомври, почетокот на ноември и декември.

Од објавените пет нови дестинации, како што потенцираше Николоски, четири се сосема нови.

– Порано се викало Сткохолм, а тоа било 100 и нешто километри од Стокхолм, сега зборуваме за главниот аеродром во Стокхолм, Мадрид исто така е главниот аеродром, Бари, исто така, Клен се оперирало и сега се враќа и Прага е исто така главниот аеродром. Тоа е многу голема разлика отколку аеродроми кои се ословуваат со главниот град или градот кој е поголем центар, но за жал не се такви. Нашата цел е да одиме на аеродроми коишто се најблиску до дестинациите каде што се лета и ќе продолжиме во следнит период. Очекувам за брзо време да имаме објава на нови дестинации, изјави Николоски.

За новите авиолинии, посочи дека нема промени во начинот на субвенционирањето, односно ќе се исплаќаат по патник во доаѓање, а не во заминување, девет евра на Скопскиот аеродром и 12 евра за Охридскиот аеродром.

– Кога бевме избрани лани ја согледавме состојбата. Секоја година со ред имаше пад на авосообраќајот помеѓу 20 и 25 проценти, зборувам за периодот после корона кризата. Но, после корона кризата, кога другите аеродроми во регионот почнаа да растат и имаше еден бум на тие аеродорми, скопскиот и охридскиот продолжија да тонат. Така што, решивме да направиме нешто. Првиот потег беше да се промени политиката на субвенционирање, вториот беше да даваат субвенции за патници коишто доаѓаат во Македонија, а не патници коишто заминуваат од Македонија, изјави Николоски.

Тој укажа и дека се повеќе се ангажира македонски персонал, посочувајќи дека нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ има над 200 вработени во Македонија, како што рече, колку една фабрика од средна категорија.

– Секако таа бројка може да расте и ќе расте доколку и имаме соодветен потенцијал и капацитет, наведе Нколоски.

Од ТАВ Македонија велат дека овие нови авиолинии ја демонстрираат нивната посветеност за проширување на поврзаноста и можностите за патување.

– Обезбедувањето дестинации како Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака – особено новите пазари – бара долгорочни преговори и тесна соработка со авиокомпаниите и туристичкиот сектор. Како аеродромски оператор со визија и стратегија да го направи Меѓународниот Аеродром Скопје регионален центар, со огромната поддршка од Владата, и нашата програма за стимулации, нашата цел е привлекување авиопревозници, особено за воведување летови до популарни дестинации за одмор. Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив раст на сообраќајот, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од ТАВ Македонија, новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзуваат патниците со различни возбудливи дестинации: Стокхолм за скандинавската култура, Бари како порта кон Јужна Италија и јадранскиот брег, Мадрид како клучен европски центар за бизнис и рекреација, Прага со својот историски шарм на Централна Европа, Келн, енергичен град на Рајна, познат по својата богата историја и живописна култура, и Ларнака, популарна дестинација на медитеранските плажи во текот на целата година.

Во првата половина од годинава од Скопскиот и Охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници што е зголемување за 5 проценти, односно 11 проценти

Најнови вести од: Македонија

Жестокиот критичар на великобугарскиот шовинизам Мито Хаџивасилев-Јасмин (21.12.1922-1.8.1968): Македонците не можат да бидат асимилирани поради нивната јасна македонска национална свест!

Мито Хаџивасилев-Јасмин е многу повеќе од новинар и публицист: тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна. Преку своите текстови кристално јасно ги заштитува македонските национални и политички интереси. Се пројавува како застапник на македонските национални особености и како критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ.

„Бледскиот договор“ од 1947 е одговорот на сите спорови, кои ги покренува Бугарија денес кон Македонија, затоа треба да се бара негово почитување!

По потпишувањето на „Бледскиот договор“ во 1947 меѓу Југославија и Бугарија започнува да пулсира македонското чувство меѓу Македонците во Пиринска Македонија, но по неговото еднострано раскинување од страна на Софија во 1949 тоа македонско чувство замира… Продолжуваат жестоките настојувања на Софија за асимилација на на Македонците во Пиринска Македонија и негирањето на македонскиот јазик, идентитет и историја.

Безбедносната состојба е под контрола а пожарите се гаснат – заврши состанокот на Советот за безбедност

Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава и не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми

Николоски: Очекувам коридорот 10-д да биде алтернатива за сите патници од Виена до Атина

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година

To top