Македонија

Николоски: Се интензивира црната кампања на опозицијата

Очајни и немоќни свесни дека народот не ги сака – вели Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од вечерашниот митинг во Кавадарци истакна дека се интензивира негативната црна кампања од нивните политички опоненти кои се здружиле во својата немоќ, свесни дека народот не ги сака и не ги почитува.

-Ваква црна кампања досега не се случила, што само говори за очајот, од една страна на СДСМ која воопштво нема концепт и не се реформира и не учи од грешките од минатото, и од друга страна ДУИ кои се уште мисли дека може да ги диктира политичките услови, а во суштина се длабока опозиција. Од трета страна се Левица која целосно се изгуби во една негатива и црна кампања, оние кои се претставуваат себеси за најголеми патриоти, сега се слуги на ДУИ и Али Ахмети, истакна Николоски.

Николоски им порача на граѓаните да не подлегнуваат на црната кампања, бидејќи има голема разлика.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top