Македонија

Николоски: Со брзата пруга од Гевгелија до Солун ќе се патува околу 30 минути, а до Скопје за час и 10 минути

Ние мора да направиме гигантски чекор напред ако сакаме Македонија да ја однесеме рамо до рамо со најразвиените европски држави и имаме уникатна можност да го направиме тоа

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше на трибината која се одржува во општина Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум-Ги градиме темелите на промените“. Николоски во своето обраќање се осврна на Договорот со Обединетото Кралство и посочи дека ова е нешто што прво, ќе ја трансформира Македонија, а второ Македонија со овој договор се позиционира рамо до рамо со, како што рече тој, втората светска сила во моментов.

Николоски стави акцент и на економскиот аспект и бенефитите за Македонија и за граѓаните.

-Прво е лична мотивација. Јас кога се нафатив минатата година на овој предизвик бев силно мотивиран да направиме работи кои што ќе останат позади нас, но и работи кои што ќе останат за генерациите коишто ќе не паметат и коишто ќе не споделуваат што се она се правело, рече Николоски.

Според Николоски, Македонија мора да направи голем чекор напред со цел да биде рамо до рамо со најразвиените држави во Европа.

-Ние мора да направиме гигантски чекор напред ако сакаме Македонија да ја однесеме рамо до рамо со најразвиените европски држави и имаме уникатна можност да го направиме тоа затоа што сме мала држава, но во исто време имаме вреден народ, чесен народ и со добра организација се постигнуваат овие резултати, рече Николоски и додаде дека од една страна мора да сте многу подготвен за да станете рамо до рамо со најразвиената држава во Европа и втората светска сила во моментов.

Николоски истакна дека Македонија е првата држава во Европа која има потпишано ваков договор и реферираше на Договорот со Обединетото Кралство, а додаде и дека министерот за надворешни работи денес веќе го надградил тој договор.

-Тоа според мене е значајно политички аспект, затоа што како што кажав, втората светска сила става свој печат во Македонија и тоа се трајни работи. Затоа што кога водите битки надвор, кога се бориме за македонскиот национален идентитет, за македонскиот јазик, за македонскиот народ, кога сакаме да е почитувана македонската историја и култура, многу е полесно кога имате голема светска сила позади себе, кажа Николоски.

Николоски го спомена и економскиот аспект во контекст на Договорот со Обединетото Кралство.

-Потпишавме договор каде што Велика Британија гарантира со својот кредитен рејтинг, којшто е највисок кредитен рејтинг, којшто може да се добие за Македонија и тоа го прави во една рамка од 5 милијарди фунти односно шест милијарди евра што целосно можат да ја трансформираат Македонија“.

Николоски потенцираше дека првиот проект е веќе во фаза на реализација и веќе има понуди од 16 врвни светски банки.

-Тоа е брзата пруга, која што секако ќе поминува и низ Гевгелија, Гевгелија-Солун ќе е околу 30 минути, Гевгелија-Скопје ќе е некаде околу час, час и десет. Центар во центар. Така што тоа е нешто што целосно ќе ја трансформира Македонија, заклучи Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top