Македонија

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата било разговарано за развојните планови на општината и за тековните и идните проекти што се реализираат со владина поддршка.

Николоски посочил дека Владата продолжува со инвестиции во патната и комуналната инфраструктура со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и поттикнување на локалниот економски развој.

Меѓу проектите што се реализираат во Струмица е и изградбата на атмосферски канализациски систем во населеното место Просениково, инвестиција вредна 46,6 милиони денари.

На состанокот било разговарано и за подготовките за реализација на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село, кој треба да обезбеди побрзо поврзување со граничниот премин кон Бугарија.

Од Министерството за транспорт наведуваат дека реализацијата на овие проекти е дел од пошироките активности за унапредување на инфраструктурната мрежа и рамномерен регионален развој.

Најнови вести од: Македонија

Во петок протест по претепувањето на Сара од Охрид

  „Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА! Се гледаме на улица!“ порачаа од Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ која повикува во петок (20 ноември) на протест против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Протестот е најавен во 13 часот пред Владата, а следи по последниот случај во кој […]

Четворица Албанци од Македонија планирале терористички напад во Грција по директиви од Иран

Според Агенцијата за национална безбедност на  Македонија, мрежата наводно дејствувала по инструкции на ирански државјанин по име Едрис Џахангири Маванех. Според Агенцијата, тој има врски со поединци блиски до иранските разузнавачки служби, како и со осомничениот трговец со дрога, Наџи Шарифи Зиндашти

Дебакл на протестот кој се обиде да си го присвои една политичка партија

„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од Иницијативата, осудувајќи ги партиските упади и обидите за инструментализација на женското движење

To top