Регион

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

 

Портпаролката на грчката полиција, Константина Димоглиду, во интервју за државната телевизија ЕРТ изјави дека грчката Национална разузнавачка служба, преку соработка со странски партнери, помогнала во спречувањето незаконска активност на грчка територија, но главниот дел од истрагата за разоткривањето на наводната иранска мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија, пренесува Нова Македонија. 

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

„И покрај тоа што не беше вклучена некоја служба на грчката полиција, Националната разузнавачка служба, преку соработката со други земји, успеа да спречи незаконска активност на наша територија. Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на  Македонија“ изјави Димоглиду.

„ Ние во грчката полиција не знаеме конкретно кој бил целта. Секако, тоа е нешто што го знае Националната разузнавачка служба и таа веќе ги презела потребните мерки. Сега, во текот на истрагата, откако во другите земји се пронајдени докази и се извршени апсења, ќе се разјасни дали станува збор за планирано убиство на конкретно лице во нашата земја или за нешто друго, како што е терористички напад“, изјави Димоглиду.

Портпаролката на грчката полиција даде детали и за македонскиот државјанин кој бил уапсен во Грција, а потоа депортиран во Македонија.

Грчките медиуми пишуваат и дека наводното убиство било планирано да изгледа како пресметка од криминалниот свет, со цел да се прикрие евентуалната поврзаност со ирански структури.

Во меѓувреме, за уапсениот во Грција се објавува дека станува збор за 30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини.

Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, објави дека на крајот на октомври тој со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос.

Таму бил уапсен, а неколку дена подоцна депортиран во Македонија.

МОСАД им дал информации на македонските и грчките власти за иранската терористичка група

Најнови вести од: Регион

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top