Македонија

Ноќниот живот во Скопје под клуч

Ноќниот живот во метрополата речиси и да не постои

Катанци на вратите, темница, тишина, затворени клубови, празни улици – главниот град целосно згасна. Ноќниот живот во метрополата речиси и да не постои. Младите се оставени сами на себе да се организираат и дружат, но за жал нема каде. Главно се собираат во мали групи на клупите во нивните маала, или по парковите. Граѓаните се жалат, а угостителите алармираат дека Скопје стана најдосадниот град за излегување.

Ноќниот живот во Скопје почна да замира уште пред нешто повеќе од една деценија кога на рестораните и кафулињата им беше ограничено да работат до полноќ или до 1 часот наутро за време на летото. Кој сакаше да работи до подоцна, мораше да извади посебна лиценца за ноќен клуб, која за да се добие требаше да исполнат строги критеруими. Капката која ја прели чашата беше трагедијата во Кочани. Тогаш се нправи проверка на сите клубови и се дојде до фрапантни податоци – дека само еден или два ги исполнуваат условите. Така што од сите ноќни клубови што некогаш работеа, моментално работи само клубот “12:12” . Останатите се затворени или сеуште чекаат дозволи.

Не е само отварањето на ноќните клубови, треба да научиме лекција што не треба да се повтори но и покрај тоаа да отидеме чекор напред. На Скопје му фали визија за да напреднеме. Бевме лидери на балканот а ние се уназадуваме, фативме погрешен ветер и не однесе на погрешно место. Вистински луќе кој што ќе го градат Скопје и ноќниот живот за да биде тоа што треба да биде. Не можам да кажам дали повеќе или помалку има посетеност, немаме капацитет за да го осетиме тоа. Луќе за  излегување секогаш има, колку е понудата квалитетна толку повеќе ќе имаат причина да излагаат“, изјави Вишко Зија сопственик на “12:12”.

Проблем не е само што нема клубови, туку и што и рестораните и кафулињата се повеќе се празнат. Скопје станува досаден за излагање, а разликата од претходните години е драстична, како се вративме 10 години назад во времето. Главна причина е огромниот раст на цените и паѓање на куповната моќ на граѓаните. Но, угостителите тврдат дека причините не се само економски, туку дека проблемот оди многу  подлабоко.

Со затварањето на клубовите се осеќа пад на излезеноста во баровите во рестораните и кафичите, далеку е од исто, особено во летно време е доста испразнет. Цените се покачени за разлика од претходните години но качени се и платите и набавните цени и мислам дека тоа не е клучниот проблем бидејќи се до моментот на затварањето на дискотеките имавме посетеност без разлика на цените. Поголем притисок имаме од надлежните органи и со право, требало да се реагира и порано, треба да биде за сите исто“, изјави Сара Стојковска сопственик на  “Трач Бар ”.

Таа вели дека дека како угостители сите треба малку повеќе да се ангажираат во однос на задолженијата што ги имаат кога е во прашање отварањето на угостителски објект. Скопје има и друг проблем – има помалку културни манифестации, концерти, или воопшто, помалку настани. Како и да е, градот останува празен. На младите им останува да си купат по некое пиво, и да си седат на клупите се додека некој не изгради сратегија како да го извади од мракот.

извор: Алфа ТВ

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top