Македонија Бизнис

Нотарите бараат двојно да поскапат тарифите

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа. […]

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа.

Поради пораст на материјалните трошоци, повеќе од две децении непроменети фиксни тарифи, како и сè поголем број нотарски канцеларии низ државата, од Нотарската комора предлагаат зголемување на цените за одредени услуги. За ваквите предизвици разговарале и со Министерството за правда, каде што побарале измени во законската регулатива.

Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на 20.000 граѓани да има еден нотар, сега тој број да е значително поголем. Нивните барања вклучуваат и корекција на надоместокот за одредени теренски активности без соодветно покривање на трошоците.

  • Ние работиме задачи на терен без ниту материјално, ниту финансиско признание. Очекуваме барем овие ангажмани да бидат соодветно вреднувани. Ако се зборува за зголемување од 100% – тоа значи од 100 денари на 200 денари. За споредба, Куманово има 70.000 жители, а работат 14 нотари, кога според критериумот би требало да се четири или пет. Слична е состојбата и во Скопје, каде што има 70 нотарски канцеларии на 660.000 жители“, потенцираат од Комората.

Од Министерството за правда велат дека во моментов не се работи на промена на нотарските тарифи. Ова прашање, велат, ќе се разгледува кога се пристапи кон законски измени и ќе се извршат сеопфатни анализи.

Претходно, Катастарот ги намали цените за дел од услугите за дури 75%.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

„Н.М“: Споменувањето на МПЦ-ОА како „северномакедонска црква“ во литургијата на Даниил и Вартоломеј е отсекување на милениумите на македонскиот идентитет и црковните традиции!

На 27 декември во црквата „Свети Стефан“ во Истанбул, во литургијата на бугарскиот патријарх Даниил во сослужување со цариградскиот патријарх Вартоломеј не е спомената Македонска православна црква – Охридска архиепископија, туку „Православна црква на Северна Македонија“. Поглаварот на МПЦ – ОА Архиепископот Македонски и Охридски Стефан е вака споменат, туку како што е признаен од […]

Министер Алиу: 50% од населението во Македонија се зависни од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари

To top