Македонија

Нов протест за депонијата во Скопје, се бара решавање на проблемот со „Вардариште“

Жителите на Скопје и околните општини повторно се подготвуваат да излезат на улиците во знак на протест против депонијата Вардариште, која во последните денови предизвикува неподносливи услови и загадување.

Неколку десетици граѓани со свирежи и со транспаренти со натписи на кои се бара решавање на проблемот со „Вардариште“, втор ден протестираат пред мостот „Киро Глигоров“ кај паркот „Авионче“ во Аеродром. Граѓаните се собраа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, а сообраќајот беше во прекин.

  • „Смрдеата што доаѓа и гасовите што се испуштаат од ‘Вардариште’ прават неподносливи услови за живеење. Сето тоа се одразува врз здравјето не само на возрасните туку и на децата и на генерациите што доаѓаат“, вели еден повозрасен жител на Аеродром што беше на протестот.

Тие велат дека ќе се собираат секој ден сè додека не видат конкретни мерки за решавање на проблемот со загадувањето од депонијата „Вардариште“.

Инаку, ова е втор ден како жителите на Аеродром и Ново Лисиче протестираат, а незадоволството од смрдеата што со години се шири од „Вардариште“ решија да го изразат откако во неделата по трет пат се случи една третина од Скопје да нема струја поради пожар на депонијата.

Организаторите на протестите преку нивната група на Фејсбук велат дека се залагаат загадувањето на воздухот да стане приоритет на сите надлежни институции и за спроведување конкретни мерки кои ќе се справат со сите сценарија што доведуваат до аерозагадувањето и кои ќе ги заштитат граѓаните од него.

  • „Нашата цел е една – воздух сега. Немаме намера да поддржиме или нападнеме одредена политичка партија. Имаме намера да ја зголемиме свеста кај граѓаните за состојбата на воздухот, причинителите за негово загадување, позитивните пракси за намалување на истото, иновативни решенија, да ги информираме граѓаните за можностите за акција, за надлежните институции кои се должни да преземат мерки за негово намалување“, велат организаторите.

Оттаму додаваат дека сакаатда посочат каде институциите не ја извршиле својата законски пропишана должност и да бараат одговорност и отчетност од нив.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top