Македонија

Нов земјотрес почувствуван во Македонија

Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планинскиот предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар.

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Тој е почувствуван на запад, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран во 16:10 часот, со епицентар во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје, на околу 47 километри југозападно од Скопје. Неговата локална магнитуда изнесувала 2,5 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил почувствуван од жителите на Гостивар и околината, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top