Македонија

Нова методологија за пристапување во ЕУ: Укинување на ветото, шанса за Македонија

Австрија, Словенија, Германија и Италија иницираа промена во процесот на одлучување за пристапување кон ЕУ, предлагајќи квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори и едногласност само за почетокот и крајот на преговорите.

влада.мк

Австрија, Словенија, Германија и Италија иницираа промена во процесот на одлучување за пристапување кон ЕУ, предлагајќи квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори и едногласност само за почетокот и крајот на преговорите. Оваа иницијатива е во Европската комисија и ја поддржуваат 16 земји-членки, со цел да се забрза пристапувањето на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, избегнувајќи внесување на билатерални и внатрешно-политички прашања.

На заедничката прес-конференција во Скопје, австриската министерка за Европа Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка Нева Грашич, заедно со македонскиот министер за европски прашања Орхан Муртезани, нагласија дека процесот трае преку 20 години и дека е време да се затвори „празнината“ во Европа. Плаколм истакна дека Австрија ќе се заложи за намалување на бирократијата, овозможувајќи неутрални одлуки без тензии од билатерални односи. „За големите прашања, како заедничката надворешна политика, ќе мора да зборуваме во еден глас, но во пристапните разговори не смее да има кочења“, рече таа, додавајќи дека потребна е политичка волја.

Грашич потсети дека Словенија и Германија го покренаа предлогот, испраќајќи писмо до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, и дека инсистираат Македонија да стане членка до 2030 година. „Проширувањето е приоритет поради геополитиката, а сега е потежок процес поради построгите закони на ЕУ“, објасни таа, повикувајќи ги останатите земји да се приклучат.

Муртезани се согласи дека методологијата мора да се смени поради злоупотребите на билатералните прашања, кои штетат и на кандидатите и на интересите на ЕУ. „Геополитиката се смени, па мора да имаме методологија за брзо заокружување во услови на неизвесност“, заклучи тој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top