Македонија

Нова шанса за Македонија: Маѓар и Туск предлагаат „Вишеградската група“ да се прошири со земјите од Западниот Балкан, кои не се уште дел на ЕУ!

Премиерите на Унгарија и Полска предлагаат „нова оска за Европа“ – „Вишеградската група“ плус Западниот Балкан, оние држави, кои уште не се во ЕУ, што е нова шанса за македонската евроинтеграција, бидејќи Македонија токму од „Вишеградската група“ добива најмногу вистинска поддршка не само за влегувањето во „евроклубот“, туку и поддршка, која се спротивставува на „добрососедските“ условувања и уценувања за идентитетско-историски отстапки! Новиот премиер на Унгарија заедно со премиерот на Полска најавија дека ќе дејствуваат како „една тупаница“ во Европската Унија. 

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар заедно со полскиот премиер Доналд Туск од Варшава испрати порака дека е време повторно да оживее влијанието на Вишеградската група. Маѓар предложил „В4“ да се прошири и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. – Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји, можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, Словенија, Романија и земјите од Западен Балкан, кои уште не влегле во ЕУ – изјавил Маѓар на заедничката прес-конференција со Туск.

Полскиот премиер порача дека Централна и Источна Европа повеќе не се периферија, туку простор каде се решава иднината на континентот. Маѓар изразил надеж дека Унгарија до крајот на своето претседавање во јуни ќе организира самит на Вишеградската група во Будимпешта. Туск директно посочил дека односите меѓу Полска и Унгарија биле нарушени во последните години од владеењето на Виктор Орбан. Сепак, тој нагласил дека со доаѓањето на Маѓар гледа можност двете држави повторно да дејствуваат координирано во Европската Унија.

Петер Маѓар е гарант дека Полска и Унгарија повторно ќе дејствуваат како една тупаница во ЕУ, бидејќи имаме заеднички интереси – изјавил Туск.

Предлогот на Маѓар доаѓа во време кога Брисел бара нови модели за приближување на Западен Балкан кон Европската Унија. Идејата за поширока Вишеградска група би можела да отвори нов политички и економски канал меѓу Централна Европа и Балканот, особено во енергетиката, безбедноста и инфраструктурата.

Најнови вести од: Македонија

Во Штип со положување свежо цвеќе одбележани 83 години од смртта на народниот херој Славчо Стојменски, убиен од бугарската фашистичка полиција

Со положување на свежо цвеќе, денеска во Алејата на народните херои во центарот на Штип се одбележа 83 години од загинувањето на народниот херој Славчо Стојменски.Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот народ. Верувал дека ќе ја […]

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина […]

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

Исплатата на повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“ започна денеска. Корисниците кои ги исполнуваат условите може да очекуваат средствата да им бидат префрлени директно на нивните трансакциски сметки.

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската „Награда за младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Најнови вести

To top