Македонија

Нова трагична сообраќајка во Македонија, две лица загинаа на лице место

Засега не се познати причините за инцидентот

Две лица загинаа на местото на настанот во новата трагична сообраќајка во Македонија.

Засега не се познати причините за инцидентот.

 

Полицијата информира дека на вчера  06.08.2025 околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско дошло до тешка сообраќајка.

Во инцидентот од засега непознати причини патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С. (60) од Делчево, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

По инцидентот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Велес.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top