Македонија Бизнис

Нова турска инвестиција влегува во Македонија, кој се може да аплицира за работа?!

Нова инвестиција денеска ќе започне да се гради во ТИРЗ Скопје кадешто согласно најавите траба да биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на објектот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Според потпишаниот договор меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата е […]

Нова инвестиција денеска ќе започне да се гради во ТИРЗ Скопје кадешто согласно најавите траба да биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на објектот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Според потпишаниот договор меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата е 100 милиони евра.

Предвидена е изградба на објект со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање 1.000 работни места. Инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

Компанијата „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство.

Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top