Македонија

Нова зимска епизода во Македонија: Новиот бран носи и снег

Граѓаните во повисоките села и планинските региони да се подготват за можни прекини на струја и сообраќај.

Македонија влегува во нова зимска епизода – од ноќеска (1/2 февруари 2026) значително поладен воздух од север ќе се спушти кон Балканот сѐ до Јонското Море и јужниот Јадран. Овој продор ќе предизвика формирање на секундарен зимски циклон, кој ќе донесе врнежи од снег во поголемиот дел од земјава.

Најинтензивни снежни врнежи се очекуваат на планините, скијачките центри и населбите над 800–900 m н.в. Нова снежна покривка од 10 до 15 cm, локално и повеќе (особено на Шар Планина, Бистра, Пелагонија, Јакупица, Баба Планина, Кораб и сл.). Ова се одлични вести за зимските туристички центри – снежните услови значително ќе се подобрат.

Снег се очекува во дел од градовите, особено во западните и северните предели (Дебарско-кичевско подрачје, Гостиварско, Тетовско, Кумановско, делови од Полошкиот регион). Можна е тенка, но видлива снежна покривка (2–8 cm), најверојатно во утринските часови и при поинтензивни врнежи.

Во главниот град врнежите ќе бидат претежно дожд, со можност повремено да преминуваат во дожд и снег (особено навечер и утре наутро). Во централното градско подрачје не се очекува трајна снежна покривка, но во повисоките делови од Скопската Котлина (Матка, Кале, Кисела Вода над 400 m, околните села) и на Водно, Јакупица и Китка може да се создаде тенка снежна покривка од неколку сантиметри.

Утре и задутре минималните температури ќе се спуштат на -5 до 0 °C насекаде, а на планините и до -10 °C.
Дневните максимуми ќе бидат помеѓу 0 и 6 °C, на места со снег и под нула.
Ќе дува умерен до силен северен и североисточен ветер, со засилувања на планинските превој и во котлините – ризик од снежни нанеси и намалена видливост.

Зголемена внимателност при патување, особено на планинските премини (Буковик, Стража, Царев Врв, Јабланица, Деве Баир и др.) – можни снежни нанеси и лизгави коловози.

Задолжителна зимска опрема (ланци, лопата, антифриз, ќебе, вода и храна во автомобилот).

Возачите на теретни возила и автобуси да ја избегнуваат ноќната и раната утринска возња на повисоките делници.

Граѓаните во повисоките села и планинските региони да се подготват за можни прекини на струја и сообраќај.

Оваа зимска епизода ќе трае до понеделник/вторник (3–4 февруари), по што се очекува постепено стабилизирање, но со многу ниски ноќни температури.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top