Хроника

Тетовец починал на плажа во Албанија, Брза помош дошла по повеќе од еден час!

Присутните двапати го враќале во живот 41-годишниот маж, кој не страдал од никаква хронична болест

Агрон Салиу (41), вработен во Основниот суд во Тетово, вчера ненадејно почина на плажата Шкемби во Каваја кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство.

Неговото семејство и пријателите биле шокирани, бидејќи починатиот не страдал од никаква хронична болест.

„Жителите и туристите присутни на местото на настанот го враќале во живот двапати, сè додека не пристигнала Брзата помош“, известуваат сведоци за албанските медиуми.

Косовскиот весник „Експрес“ објави дека Брзата помош пристигнала по повеќе од еден час, кога било предоцна за животот на Агрон, кој зад себе остави сопруга и две ќерки.

Најнови вести од: Хроника

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Двајца малолетници во Тетово натепале врсник, оти одбил да им го даде својот тротинет – претходно му се заканувале и му барале пари

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово. Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него. Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад […]

To top