На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М.(33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга.
На 18.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна девојка дека одреден период ја следел на различни локации каде се движела и на нејзиното работно место и дека претходно истиот ден околу 15:00 часот ѝ се заканувал на телефон.
На 18.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Прилеп, 38-годишна жителка на село од општина Долнени пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја нападнал.
На 18.03.2026 во 23:25 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ф.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 31-годишна сестра.
На 19.03.2026 во 02:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 22-годишна сопруга дека на 18.03.2026 околу 21:00 часот во продажен објект ѝ упатувал закани, а притоа со употреба на физичка сила ѝ го одзел мобилниот телефон.
На 18.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна вонбрачна партнерка дека ја присилил да си оди од семејниот дом.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.