Македонија

Нови инвестиции од Турција, Германија и Грција: Премиерот најави отворање на нови работни места

Инвестициите се во областите на автомобилската индустрија (турска инвестиција), високите технологии (германска) и фармацијата (грчка), со локации во индустриската зона во Тетово и во скопските индустриски зони.

vlada.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денес пред пратениците во Собранието најави три нови странски инвестиции во вредност од 110 до 120 милиони евра, кои ќе отворат повеќе од 1.500 нови работни места.

Инвестициите се во областите на автомобилската индустрија (турска инвестиција), високите технологии (германска) и фармацијата (грчка), со локации во индустриската зона во Тетово и во скопските индустриски зони.

„Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната е во делот на автомобилската индустрија – турска, едната е во делот на индустријата на високи технологии – германска и едната е во делот на фармацијата – грчка“ – рече Мицкоски.

Тој додаде дека очекуваат и втора фаза на овие инвестиции, како и дека некои постојни инвеститори ги прошируваат капацитетите, додека со десет други се водат преговори.

„Еден жесток инвестициски циклус што нас ни е битен поради намалување на невработеноста“ – нагласи премиерот.

Владата води силен инвестициски циклус за намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард. Според Државниот завод за статистика, во октомври 2025 година бројот на вработени надминал 705.000, а невработените се намалени на околу 91.000.

Во 2026 година, со нов закон и активни мерки, Владата очекува да постигне едноцифрена стапка на невработеност. За активните мерки за вработување во Буџетот за 2026 година се предвидени рекордни 2,4 милијарди денари (околу 40 милиони евра).

Мицкоски ги повика иселениците да се вратат во земјата, бидејќи ќе има зголемена побарувачка за квалификуван кадар.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top