Македонија

Нови возила за битолската противпожарна

Подобра заштита од пожари за цела Пелагонија

Територијалната противпожарна единица на Битола од денеска е модернизирана со теренско противпожарно возило-џип со специјална надградба и со противпожарно возило-цистерна. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и во рурални средини, соопшти локалната самоуправа.

Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“, проект кој носи конкретни придобивки за граѓаните на Битола, Пелагонискиот регион и за прекуграничната област.

На денешното примопредавање присуствуваа заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов и командирот на противпожарната единица на Битола, Христијан Тодоровски.

– Како најголема општина во регионот и основач и финансиер на Територијалната противпожарна единица Битола, Општина Битола добро ги познава предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите на терен. Последните години сме сведоци на сè почести екстремни временски услови, долги сушни периоди и зголемен ризик од шумски пожари кои претставуваат сериозна закана за природата, имотот и за човечките животи. Територијалната противпожарна единица Битола не ја штити само територијата на Општина Битола. Таа секојдневно обезбедува заштита и за општините Новаци и Могила, а во многу наврати интервенира и пошироко во регионот, кога тоа е потребно. Токму затоа, вложувањето во нејзините капацитети претставува вложување во безбедноста на целиот Пелагониски регион – рече градоначалникот Коњановски.

Проектот е аплициран во рамките на првиот отворен повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021-2027 година, која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија.

Главна цел на проектот е да се придонесе во превенција и ефективно управување со шумските пожари во прекуграничните региони и дасе даде придонес во заштитата на природната средина и зајакнување на здравите екосистеми на двете области.

Партнери во проектот од македонска страна се Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Дирекцијата за заштита и спасување.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top