Македонија Бизнис

Новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот, смета Стопанската комора

Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално. Како што рече претседателот на Комората Бранко Азески, за бизнисот е многу важна стабилноста на курсот и девизните резерви да бидат поставени на национално ниво. Комората од Славески […]

Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално. Како што рече претседателот на Комората Бранко Азески, за бизнисот е многу важна стабилноста на курсот и девизните резерви да бидат поставени на национално ниво.

Комората од Славески очекува и продлабочување на соработката со реалниот сектор, посебно во делот на добивањето реални податоци врз основа на кои би се испорачувала и реална проценка на ситуацијата.

  • Ние секогаш сме имале став дека Народната банка е многу значајна институција за општата стабилност на државата и за водење на бизнисот и секогаш сме имале почит и респект кон неа. Долги години наназад нејзината самостојност е загарантирана и на некој начин докажана во работењето. Мислиме дека тоа ќе продолжи зашто изборот на личностите тоа го гарантира.

За нас е многу битно да кажат – продолжи стабилноста на курсот, девизните резерви да бидат на национално ниво поставени, обезбедени и на некој начин очекуваме од новиот гувернер да ја продлабочи соработката со реалниот сектор на начин што во градењето на проекциите за монетарната политика ќе има барем некаков оддел во Народната банка специјализиран за истражувања на елементите потребни за градење на ставот на Народната банка по клучните задачи кои неа и се поставени, тоа значи дека ние во тој процес би помогнале, но суштината е да се добиваат реални податоци кои ќе испорачуваат реална проценка на ситуацијата. Се работи за многу професионална и многу зачајна институција, мислимедека Славески со кој сме имале добра соработка ќе го овозможи тоа и ќе ги исполни нашите очекувања, истакна Азески.

Трајко Славески е изборот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за гувернер на Народната банка. Ваквиот предлог е веќе испратен до Собранието, службите го примиле и се очекува од денеска да почне процедурата за негово именување.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top