Македонија

Новите поштенски возила ќе имаат камери, ќе се следи целата достава на нарачки

Ќе се следи пратката од моментот на прием во поштата, транспортот, па сè до доставата до корисникот на услугата

 

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Македонска пошта“ одлучи да инсталира камери во новите возила за следење на доставата на пакети. Целта е да се надминат проблемите што се појавија при доставата, но не беше прецизирано за какви аномалии станува збор.

„Како иновација, ќе инсталираме камери во просторот за товарење на возилата. Со тоа ќе се следи пакетот од моментот на прием во поштата, транспортот, па сè до доставата до корисникот на услугата. Со ова ќе се елиминираат некои аномалии што се појавија при доставата“, изјави Николчо Угринов, заменик генерален директор на „Македонска пошта“, за време на доставата на три возила во Велес.

Новите возила „Фиат Дабло“, модел 2026 година, се опремени со најсовремена опрема, со климатизација, навигација, сензори, камери за заден поглед, со носивост од 750 кг. Велешката пошта опфаќа три општини, Велес, Чашка и Градско, со вкупно 70.000 жители и 11 пошти.

Поштата на Република  Македонија доби 100 нови возила, инвестиција што треба да ја подобри ефикасноста на поштенските услуги. Од нив, 90 се мали комерцијални возила или популарно наречени пикапи, додека 10 се големи комерцијални возила или комбиња.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top