Македонија

Новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се поврзат со мост, се распишува тендер за репроектирање

Во напредна фаза е решението за довршување на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, информираше на брифинг со новинарите министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Планот за доградба на новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура е во напредна фаза – наскоро се очекува да се распише тендерот за репроектирање, информира министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите. Изминатиов период, како што рече таа, тим од експерти анализирал во каква состојба се објектите. Во работната група учествувале претставници од Градежниот факултет, Институтот за земјотресно инженерство и други надлежни институции. Објектите нема да имаат барокна, туку модерна фасада и, според новиот проект, е предложено двете згради да бидат поврзани со мост. Од идната година, како што посочи министерката, ќе се менува полагањето на државната матура. Се воведуваат два типа матура – за гимназиско и за стручно образование.

Ќе продолжи воведувањето едносменска настава – досега се опфатени околу 200 училишта. Етапно ќе се воведува електронското свидетелство, годинава за учениците од прво до трето одделение, а следните учебни години и за погорните одделенија.

Новиот закон за високо образование до крајот на годинава треба да биде поставен за дискусија на Електронскиот национален регистар на прописи. Нацрт-верзијата е готова, но се чека да го одобрат стручни лица пред да биде поставен на ЕНЕР заедно со Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачка дејност, порача Јаневска.

Меѓу поважните новини во легислативата е воведувањето построги критериуми за напредување во академски звања и за реизбор на редовните универзитетските професори.

Јаневска посочи дека ќе има нов софтвер за откривање препишани трудови и плагијати, а најави и т.н. ѕид на срамот на кој ќе се објавуваат несоодветните трудови зашто на разни универзитети, рече, поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови. Министерката најави дека во 2026 ќе продолжат инвестициите во образованието – предвиден е поголем буџет за наука, 166 инфраструктурни проекти, а од март ќе има покачување на платите на наставниците во основното и во средното образование од 7,5 до 10 проценти. Меѓу најзначајните реализирани проекти, според Јаневска, е дигитализацијата.

Најнови вести од: Македонија

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Маскирани насилници во скопско Маџари претепале дете и тоа го снимале!

Маскирани лица во неделата напладне на фудбалското игралиште во населбата Маџари, во Скопје, физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобилен телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

Најнови вести

To top